Фудбал
„Лудница“ во Букурешт – Анулиравме два гола, но сепак загубивме од Романија
Македонската фудбалска репрезентација вечерва го одигра првиот натпревар од квалификациите за Светското првенстов против Романија. Домаќинот беше подобар од нашата репрезентација и забележа победа од 3:2.
Избраниците на Ангеловски одлично го започнаа овој натпревар, Несторовски имаше одлична шанса во 8. минута од натпреварот но сепак резултатот остана 0:0.
Во 28. минуа од натпреварот Танасе го отвори резултатот и му донесе водство на Романија од 1:0.
Романија во 50. минута од натпреварот дојде до водство од 2:о со голот на Михаила.
Романците ја контролираа играта, имаа поголем посед на топката, резултат што му гарантира победа во завршните десет минути, нашата репрезентација ги „замрзна“ Романците.
Во 83. Алиовски упати одличен центаршут, а Адеми со глава погоди за 2:1. Само една минута по првиот гол на Македонија, односно во 83. минута од натпреварот Трајковски погоди за 2:2.
Сепак, во 86. минута Хаџи ги постави конечните 3:2 и му донсе победа на Романија.
Следниот натпревар нашата репрезентација го игра недел во Скопје, а гостува репрезентацијата на Лихтенштајн.