Connect with us

Фудбал

Луѓе од Барселона одржале состанок со агентот на фудбалер на Милан, но си заминале разочарани?!

Кеси веќе неколку сезони игра во дресот на „росонерите“ и е еден од најстандардните членови на првиот тим, но очигледно решил дека е време за нов предизвик во кариерата.

Овој играч од средниот ред има договор со Милан до крајот на оваа сезона, а веќе во неколку наврати одбиваше можност да ја продолжи соработката.

Кеси очигледно решил да го напушти Милан на лето, но се уште не се знае каде ќе ја продолжи кариерата.

Тој беше поврзуван со трансфер во градскиот ривал Интер, а неодамна се појавија шпекулации дека за негов ангажман е заинтересирана и Барселона која се повеќе „демнe“ играчи кои на лето ќе бидат слободни.

Каталонски Спорт денеска објави дека Барселона одржала состанок со агентот на играчот на Милан, но дека се откажале од негово доведување бидејќи сметаат дека Кеси бара преголема плата.

Наводно, неговиот агент рекол дека сакале годишна плата меѓу осум и десет милиони евра, но во Барселона одбиле и јасно му ставиле до знаење на Кеси дека нема ништо од тоа, и дека бара премногу пари.