Connect with us

Други спортови

Луис Хамилтон конечно одлучи

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон се уште е без тим за следната сезона.

Мерцедес го пријави Хамилтон за следната сезона, но одличниот Британец сè уште нема потпишано договор со германскиот тим.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, за германски РТЛ изјави дека соработката треба да се официјализира наскоро.

“Никогаш не сме играле на картата на Xорџ Расел и неговиот сензационален учинок во Бахреин во преговорите со Луис. Имаме силна врска и затоа славевме големи успеси. Се работи за донесување на најдобра одлука за Луис и за тимот,“ рече Волф.

„Наскоро е флексибилен термин, но да, наскоро“.

Како што стојат работите сега Хамилтон ќе потпише договор на помалку од три години. Постојат неколку причини за таквата одлука.

“Претпоставувам дека тоа нема да се случи. Треба да ги држите очите отворени за сите случувања во блиска иднина. Имаме нов технички правилник и следува ограничување на буџетот. Сè уште зборуваме за вистинските услови” – рече Волф.