Фудбал
Луис Суарез конечно одлучи каде ќе ја продолжи кариерата
Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез моментално е без клуб откако му истече договорот со Атлетико Мадрид.
Суарез претходните две сезони играше со многу успех во Атлетико, но летово го напушти клубот откако не успеаја да постигнат договор за продолжување на соработката.
Шпанските медиуми утринава објавија дека Суарез конечно се „проби“ и дека речиси сигурно ќе потпише за Лос Анџелес и ќе игра во американската МЛС.
Наводно, Суарез бил охрабрен од доаѓањето на Герет Бејл и Џорџо Кјелини во овој клуб и сфатил дека заминувањето во Соединетите Американски Држави и не е толку лош потег за него на крајот од кариерата.
Се очекува во наредните денови Суарез да отпатува за Лос Анџелес каде ќе ги помине лекарските прегледи и потоа ќе го потпише договорот. Претходно тој беше поврзуван со Интер од Мајами, но очигледно ништо од тоа.
Luis Suarez to MLS rumors are heating up once again, with LAFC at the forefront. LAFC are in the process of trying to loan Brian Rodriguez to Santos FC of Brazil, which would open up an international slot for a potential move for Suarez. #LAFC #MLS pic.twitter.com/Kk39UMMZof
— MLS NETWORK (@mlsnetwork) July 26, 2022
Искусниот напаѓач беше поврзуван со многу клубови, но допрва треба да потпише за друг клуб. Суарез е во Барселона, каде напорно тренира во тренинг центарот на каталонскиот клуб.