Connect with us

Фудбал

Луис Суарез официјално го пропушта судирот против Барселона

Атлетико Мадрид во сабота на домашен терен ќе го одигра големото дерби против Барселона.

Многумина очекуваа дека ова ќе биде судир на Луис Суарез против поранешниот клуб, но за жал тоа нема да се случи затоа што уругвајскиот напаѓач пред неколку дена потврди дека е позитивен на коронавирус.

Суарез беше тестиран по мечот со Колумбија, а резултатот беше позитивен. Тој е во изолација веќе неколку дена и денес реши да се тестира повторно за да може да биде во конкуренција за мечот против Барселона доколку биде негативен.

Сепак, Суарез ја доби веста што го разочара, а тоа е дека тој е сепак позитивен на коронавирус и сега е јасно дека сигурно нема да биде во конкуренција за натпреварот против Барселона.

Суарез се уште е во изолација и не е познато кога би можел да се врати во Мадрид.