Connect with us

Кошарка

Лука Дончиќ едноставно е незапирлив (ВИДЕО)

Лука Дончиќ продолжи со одлични партии во дресот на Далас. Во дербито на Тексас, Маверикс го совладаа Хјустон Рокетс со 129:114 и така стигнаа до петтиот последователен триумф, а словенечкиот претставник имаше уште еден одличен трипл-дабл.

Само два дена по средбата со Њујорк на која оствари трипл-дабл, Дончиќ имаше уште една ноќ за паметење, овојпат запиша 35 поени со 12 скока и 13 асистенции за 34 минути.

Отсуствуваше речиси цела последна четвртина, па му беше ускратен уште поубедлив резултат, бидејќи Џејсон Кид реши да го одмори.

Имаше 11/21 од поле, погоди 4/9 тројки и имаше 9/12 од линијата за слободни фрлања.

Неговите асистенции низ целиот терен беа особено импресивни, а тој ја крена публиката на нозе секунда и пол пред крајот на првото полувреме кога погоди тројка.

Во победничкиот тим Кристијан Вуд додаде 21, а Тим Хардавеј Џуниор 18 поени, додека Спенсер Динвиди постигна 15 поени.

Во тимот на Хјустон, Бобан Марјановиќ на паркетот мина само четири минути и десет секунди, постигнувајќи шест поени со три скока и асистенција.

Кај Рокетс најефикасна беше Џејлин Грин со 23 поени, додека Кевин Портер додаде 17, а Џабари Смит 16.

Резултати:

Шарлот – Оклахома 121:113

Индијана – Кливленд 135:126

Бостон – ЛА Клиперс 116:110

Торонто – Мемфис 106:119

Сан Антонио – Њујорк 122:115

Далас – Хјустон 129:114