Кошарка
Лука Дончиќ го стигна Мајлк Џордан, ама не може сам, Далас нема да игра финале (ВИДЕО)
Голден Стејт го победија Далас Маверикс со 120-110 и славеа со вкупни 4-1 во финалето на Западната конференција, па шести пат во последните осум години ќе играат во големото НБА финале.
Првата четвртина домашните ја добија со 28:23, а во втората стигнаа и до големите плус 17, што им овозможи полесно да играат во продолжение.
Само на крајот од третата четвртина гостите успеаја да намалат на „само“ осум поени, но повеќе од тоа не можеа.
Кајл Томпсон постигна 32 поени и беше најефикасен кај Голден Стејт, додека Ендрју Вигинс постигна 18, а Грин 17 поени. Пул додаде 16, Стеф Кари 15 поени.
Од друга страна, Лука Дончиќ постигна 28 поени, но со многу лош процент на удари од игра. Диндиви постигна 26 поени.
Во големото финале Вориорс ќе играат против Мајами или Бостон. Во тоа финале, Селтикс сега водат со 3:2 и вечерва можат да се пласираат во финалето на домашен терен.
Ѕвездата на Далас Лука Дончиќ плејофот го заврши со просек од 31,7 поени, 9,8 скока и 6,4 асистенции и стана само вториот кошаркар, прв после Мајкл Џордан, кој успеал да има просек во три последователни плејофи во НБА, најмалку 30 поени, пет скока и пет асистенции.