Кошарка
Лука Дончиќ не е од оваа планета, повторно на насловните страници поради неверојатниот учинок (ВИДЕО)
Лука Дончиќ како да не е од оваа планета. Кошаркарот на Далас Маверикс и оваа сезона игра на многу високо ниво, а со неговиот учинок ги полни насловните страници на спортските медиуми во САД. Словенечкиот кошаркар одигра уште еден неверојатен меч, во кој противниците беа без решение. Постигна 49 поени, додавајќи 15 скокови и 8 асистенции, а неговиот тим Далас славеше со 125:118 против Њу Орлеанс.
НБА резултати:
Шарлот – Мајами 107:111 пп
Бруклин – Вашингтон 103:117
Њу Орлеанс – Далас 118:125
Милвоки – Филаделфија 120:123
ЛА Клиперси – Хјустон 141:111