Connect with us

Кошарка

Лука Дончиќ со сопствен рекорд по бројот на поени, само во прва четвртина уфрли 28 (ВИДЕО)

Словенец синоќа ги предводеше Далас Маверикс до победа над Лос Анџелес Клиперс 112:105. Дончиќ одигра маестрален меч, постигнувајќи дури 51 поен, што е негов личен рекорд во кариерата, а веќе по првата четвртина имаше 28 поени, со седум тројки. Лука стана само петтиот Европеец на сите времиња со повеќе од 50 поени на еден меч. Рекордер кога е Европа во прашање е поранешниот кошаркар на Сан Антонио Спарс, Тони Паркер со 55 поени, додека поранешниот играч на Далас Маверикс, Германецот Дирк Новицки успеа да постигне 52 поени, исто како и Гркот Јанис Антентокунмпо, активен член на Милвоки Бакс.

Покрај 51 поен, Лука имаше и девет скока и шест асистенции, а двоцифрени покрај него во редовите на Маверикс беа Фини-Смит (12), Б Рансон и Булок со по 11 поени. Кај гостите од ЛА, Маркус Морис постигна 21 поен, Пауел 19, а Џексон 18 поени.

Феникс Санс го совлада Милвоки Бакс со 131:107 со 27 поени на одличниот Ајтон, кој имаше и седум скока и една асистенција. Во редовите на поразениот тим Мидлтон и Холидеј постигнаа по 21 поен.

Торонто Репторс славеше со 139:120 на гостувањето кај Хјустон Рокетс, а Трент блескаше со дури 42 поени на гости, додека Сијакам постигна 30. Кај Рокетс најефикасен беше Портер со 30.

Вашинтонм Визардс го совлада Бруклин Нетс со 113-112. Нето во победничкиот тим постигна 21 поен, Ирвинг 31, а Томас 27 поени.

Сет Кари постигна 35 поени и додаде 10 асистенции, но тоа не беше доволно за Голден Стејт Вориорс на домашен паркет против Њујорк Никс, кои славеа со 116:114, пред се благодарение на Рендл кој имаше 28 поени и 16 скока и седум. асистенции, додека Фурние додаде 22 поени.