Connect with us

Кошарка

Лука Дончиќ стана татко (ФОТО)

НБА лигашот Далас загуби синоќа на домашен терен од Мемфис (94-108) во отсуство на својот најдобар кошаркар Лука Дончиќ, кој присуствуваше на раѓање на своето дете.

Дончиќ, кој е во заедница со својата вереница Анамарија Голтес, ја сподели на Инстаграм радосната вест за раѓањето на нивната ќерка Габриела.

Изминатата ноќ на кошаркарските терени во НБА лигата ја одбележи деветтата победа во серија на Орландо, кој со триумфот над Вашингтон (130-125) го израмни рекордот на франшизата според бројот на последователни триумфи.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу петокот и сабота:

Орландо – Вашингтон 130-125

Бостон – Филаделфија 125-119

Торонто – Њујорк 106-119

Далас – Мемфис 94-108

Њу Орлеанс Сан Антонио 121-106

Феникс – Денвер 111-119.

Advertisement