Лука Јовиќ е најскапиот фудбалер од Балканот

Кралевите од Мадрид за напаѓачот на Ајнтрахт искешираа дури 60 милиони евра , со овој трансфер младиот Јовиќ стана најскапо платениот фудбалер од Балканот во историјата.

Новиот центарфор на Реал со овој трансфер ги мина  балканските ѕвезди скапо платените Лука Модриќ, Немања Матиќ, Иван Ракитиќ, Александар Митровиќ, Миралем Пјаниќ, Матео Ковачиќ, Коларов…

Делка вредноста на трансферот на Лука Јовиќ од Ајтрахт во реал е огромна зборува и фактот што сега тој е шестиот најскапо платен фудбналер на Кралевите во историјата.

Пред Јовиќ на оваа топ листа на најголеми трансфери на Реал се  само светските фудбалски ѕвезди Бејл, Роналдо, Зидан, Хамес Родригез, и Кака.

Топ десет трансфери на Реал М.

Герет Бејл 101 мил. евра

Кристијано Роналдо 94 мил.

Зинедин Зидан  77,5 мил.

Хамес Родригез 75. Мил.

Кака  67 мил.

Лука Јовиќ 60 мил.

Луис Фиго 60 мил.

Едер Милитао 50 мил

Родриго Сантос 45 мил.

Винисијус Жуниор 45 мил.