Connect with us

Фудбал

Лука Јовиќ ја однесе Фиорентина во полуфиналето од Купот на Италија

Фиорентина се пласираше во полуфиналето на Купот на Италија! Лука Јовиќ постигна гол за триумф над Торино, со глава ја затресе мрежата во 65. минута на асистенција на Алекс Терзиќ.

Лука Јовиќ беше повлечен од игра од страна на тренерот Италијано во 73. минута, а свирежите во тој момент беа наменети за Амрабат кој влегуваше. Причина беше одлуката на Мароканецот да не тренира за да добие дозвола за трансфер во Барселона.

Ова беше прв гол за Јовиќ за Фиорентина по 9 ноември, кога постигна гол против Салернитана. Се шпекулираше за заминување на српскиот репрезентативец во Галатасарај, но тој остана во Фиренца.

Во 89. минута од натпреварот Џонатан Иконе само ја потврди победата на Фиорентина.

Кај гостите Карамох го постигна почесниот погодок во втората минута од судиското надополнување.