Поврзи се со нас

Фудбал

Лука Модриќ прави неочекуван трансфер?

Шпанскиот таблоид Фичајес денес пишува дека хрватскиот играч за врска Лука Модриќ кариерата ќе ја продолжи во американскиот ЛА Галакси.

Иако има 35 години зад себе, Модриќ е една од главните карти во редовите на Мадрид и оваа сезона.

За неговото заминување од Реал веќе долго време се пишува, а неговиот договор истекува летото следната година и тогаш сè ќе биде појасно.

Тешко е да се очекува дека Кралевите ќе се согласат на нов договор, кој Модриќ би можел да го искористи за нова голема плата, што секако би значело заминување во Америка.

Според Фичајес, Модриќ би бил најплатениот играч во лигата.

loading...

Facebook