Фудбал
Лукаку имал желба да се врати во Италија
Белгискиот интернационалец, Ромелу Лукаку, кој пред почетокот на оваа сезона од Интер се пресели во Челзи, имал желба да се врати во Италија, барем така тврди неговиот менаџе, Федерико Пасторело.
Англискиот тим плати 115 милиони евра, а Пасторело тврди дека Лукаку ја сака Италија и дека еден ден повторно ќе замине таму, сепак не откри во кој клуб.
-Сега е време Челзи да ужива во неговата игра“, изјави Пасторело.
Кога дојде во Интер, Лукаку изјавуваше дека сон му било да заигра за овој тим, а потоа кога замина во Челзи, ја даде истата изјава, односно дека како мал посакувал да игра за сините од Лондон, а сега според неговиот агент има друга „неостварена“ желба.
Оваа сезона Белгиецот постигна пет гола за англискиот тим, а имаше и непријатна повреда поради која пропушти шест натпревари.