Фудбал
Лукаку: Јас сум најдобриот напаѓач во историјата на Белгија
Ромелу Лукаку покажува навистина добра игра во дресот на Манчестер Јунајтед со доаѓањето на Солскјер, а во изјава за белгиските медиуми зборуваше за настапите во репрезентацијата.
Имено, овој напаѓач смеда дека е најдобриот напаѓач во историјата на Белгија.
Иако има само 26 години, тој е најдобриот стрелец на Белгија со 45 постигнати голови, а забележал 79 настапи во репрезентативниот дрес.
„Луѓето по некогаш ме прашуваат дали сум помеѓу трите најдобри белгиски напаѓачи во историјата. Јас им кажувам дека сум најдобриот и тоа со километри предност. Најдобар сум стрелец и тоа е тоа“, кажа Лукаку.
Неодамна Лукаку кажа дека е најбрзиот играч на Јунајтед, а тоа го покажува и статистиката во која се наведува дека тој имаше два најбрзи спринта оваа сезона во својот тим.
Лукаку во Манчестер пристигна од Евертон во јуни 2017. година. Оваа сезона во сите натпреварувања запиша 15 погодоци и четири асистенции.