Connect with us

Фудбал

Лукаку: Порано мислев дека ќе се вратам во Челзи како одмазда

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, изјави дека е исклучително мотивиран да се претстави добро во Италија по неговата лоша сезона со Челзи минатата година.

„Сезоната со Челзи ми даде дополнителен мотив да направам се уште подобро од порано. Мислам дека за една година луѓето заборавија за што сум способен на теренот“, коментира за ДАЗН 29-годишниот белгиски фудбалер.

„Фокусиран сум на Серија А. Ние сме Интер и се бориме само за титулата во Италија, а не за индивидуални достигнувања. Имам еден вид гнев во мене. Го има и тимот затоа што не победивме минатата година, но сега заедно се надеваме дека ќе се претставиме подобро и ќе донесеме трофеј дома“, додаде Лукаку.

Белгиецот зборува и за неговиот трансфер во Челзи и за тоа што тргнало наопаку во Англија. „Толку многу работи. Порано мислев дека ќе се вратам во Челзи како одмазда. Мислев дека ќе бидам херој, но тоа не беше случај. Во март, кога слушнав за можноста да се вратам во Интер, не кажав ништо, но на крајот од сезоната таа можност се оствари. Правам сметка само на крајот од сезоната, па после последниот натпревар ќе видиме каква е ситуацијата. Добро се снајдов во Интер и сезоната во Челзи беше многу тешка. Не се сомневав во одлуката повторно да се вратам овде во Милан“, изјави Ромелу Лукаку.

„Мислам дека добро се вклопив во тимот. Интер игра поинаку во споредба со времето кога јас бев овде порано. Важно е што мислам дека добро соработувавме заедно. Во годината кога бев отсутен, бев во контакт со неколку играчи на Интер. За мене тоа е како мојата втора година овде, како никогаш да не сум заминал. Секој има голема желба за победа. Тоа ни треба. Тимот е пообединет од порано“, додаде напаѓачот.

„Им благодарам на луѓето за љубовта што ја покажуваат мене и моето семејство. Повторно се извинувам за начинот на кој заминав, ќе морам да зборувам на теренот. Морам да му се заблагодарам и на Антонио Конте, кој ме направи посилен играч и ме натера да пораснам психички, ме научи да не се откажувам и да дадам се од себе. Тоа секогаш ќе го носам во себе“, прокоментира Лукаку.