Фудбал
Лукаку разочаран во Челзи: Се извинувам на навивачите на Интер, ќе се вратам таму!
Во интервју на Скај Спорт Ромелу Лукаку призна дека е малку разочаран во Челзи, односно од тренерот Томас Тухел. Напаѓачот летово пристигна од Интер во трансфер вреден над 100 милиони евра, но, во своето излагање кажа дека посакува набрзо да се врати во Италија.
-Физички сум добро, ама не сум задоволен од Томас Тухел и ситуацијата во Челзи. Тој го промени целиот систем на игра, но, јас нема да се откажам сега бидејќи сум голем професионалец, вели Лукаку.
Во истото интервју тој рече дека му е жал на начинот на кој го напуштил Интер и им се извини на фановите на овој тим чиј миленик беше додека настапуваше таму.
– Сега можеби е вистинско време да кажам дека Интер е во моето срце и посакувам да се вратам, не пред крајот на кариерата, туку додека сум во одлична форма, вели Лукаку.