Connect with us

Фудбал

Лукаку жестоко го критикуваше Јувентус за актуелната ситуација!

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку упати жестоки критики на сметка на осумкратниот последователен италијански шампион Јувентус.

Лукаку на официјалниот профил на Инстаграм на Пума за време на интервју во живо рече дека фудбалот во Италија запрел само откако играчот на Јувентус се заразил со коронавирусот.

„Здравјето доаѓа во прв план. Зошто да играме кога има луѓе кои си го ризикуваат животот? Дали играч на Јувентус треба да биде позитивен за да прекине фудбалот, дали е ова нормално?“, се прашува Лукаку, продолжувајќи:

„Не, тоа не е нормално. Признавам дека ми недостасува фудбал, но сега најважно е здравјето на луѓето. Сè останато е на второ место.“

Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани, стана првиот играч заразен од коронавирусот во Серија А. Неговиот тест беше позитивен два дена по натпреварот Јувентус – Интер, кој „Бјанконерите“ го добија со 2:0.