Фудбал
Луксембург дојде во Охрид без постигнат гол на пет меча и пет порази, па на Македонија и даде три
Женската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа пораз во квалификациите за СП 2023 година и тоа од селекцијата на Луксембург со 2:3, одигран во Охрид на „Билјанини Извори“.
Поразот доаѓа само пет дена откако фудбалерките ја совладаа Летонија со 4:1, а противникот досега загуби од сите три натпревари против С. Ирска (0:4), Англија (0:10) и Австрија (0:5)
По четири кола во квалификациите за СП, Македонија има скор од една победа и три порази, исто како и Луксембург и се наоѓа на претпоследното петто место на табелата.