Фудбал
Ма каква пензија, Пандев не се откажува, ОФИЦИЈАЛНО потпиша нов договор
Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев и следната сезона ќе го гледаме во Серие А. Неговиот клуб Џенова попладнево објави дека се договориле со македонскиот напаѓач на соработка за уште една година.
Како што соопшти клубот Пандев ќе остане во Џенова до јуни 2022 година. Македонецот ќе стане трет странски играч по бројот на настапи во Серие А и еден од петте играчи во лигата кои постигнале најмалку 100 голови во ова натпреварување.
Пандев во Џенова е од 2015-та, одиграл 156 мечеви и постигнал 28 голови. Во Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи, но сега и Џенова, вкупно постигнал 101 гол во италијанската најдобра лига.
? Ehi Siri, metti la playlist “Goran #Pandev”
?? Pandev ha rinnovato il suo contratto con il Genoa ➡️ https://t.co/rZhngzKRLU pic.twitter.com/Nt8N4P45zz
— Genoa CFC (@GenoaCFC) August 13, 2021