Connect with us

Тајмаут

Мафијаши го убиле неговиот татко кога имал 10 години, станал фудбалер и голем заводник, на неговиот шарм паднала и убавицата од Србија

Марко Бориело (41) е поранешен италијански фудбалер кој во својата кариера беше попознат по работите надвор од теренот. Каде и да се појавеше ќе привлече големо внимание. Важеше и за голем заводник, на неговиот шарм падна и Србинката Нина Сеничар.

Неговата приказна е навистина филмска. Како што има добри моменти, има и многу лоши, како моментот кога го загуби татко му.

„Тој беше убиен од мафијата кога имав 10 години. Му позајми пари на човек од „кланот Касалеси“, не сакаше да му врати кога го побара. Тоа беше Пасквал Сенторе, поранешниот градоначалник. Мајка ме одгледа мене и брат ми. Фудбалот не ме спаси, туку ми помогна подобро да се носам без татко ми, ми помогна полесно да се справам со неговата смрт“, изјави Бориело во една емисија.

Роден е во Неапол, играше во младинската школа на Тревизо и Милан, ги носеше дресовите на многу клубови од кои најпознати се Сампдорија, Џенова, Милан, Рома, Јувентус, Вест Хем, Аталанта…

„Живеевме во Сан Џовани Тедучи, имаше многу гангстери. Не можам да кажам дека беше како во џунгла, иако не беше ниту Дизниленд“, додаде Марко.

На неговиот шарм падна и актерката и водителка Нина Сеничар од Нови Сад. Тие беа заедно околу осум месеци.

„Таа врска се засноваше само на страст, многу личи на дрога од која не можев да се откажам. Дури и изгубив пријатели поради тоа. Ми рекоа дека треба да ја прекинам врската, не знаев како, кога решив да ставам крај, пак го барав, тоа беше некаква лудост, физичка привлечност. Ако ги исклучиме интимните врски, немавме ништо друго заедничко. Кога конечно раскинавме, си направивме услуга“, замагна Нина во една прилика.