Connect with us

Фудбал

Магија како во времето на Гвардиола: Совршена акција на Барселона и погодок на Меси (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона вечерва убедливо го победија Реал Сосиедад со 6:1 на гости.

Каталонците го одиграа убедливо најдобриот натпревар во сезоната и не потсетија на славните денови од времето кога Пеп Гвардиола беше тренер на овој тим.

Ова особено се однесува на шестиот гол во 89. минута кога гостите одиграа неверојатна акција, а голот на крајот го постигна Лионел Меси.