Други спортови
Мајк Тајсон „леташе орли“ во чест на Албанецот (ВИДЕО)
Познатиот боксер Мајк Тајсон направи гест со рацете кој го симболизира „албанскиот орел“. Тој знаеше дека овој гест има врска со Албанците, бидејќи го направи во борбата на Ермал Хадрибеј, борец кој ја прослави својата победа носејќи го албанското знаме, на задоволство на Тајсон.
„Железниот Мајк“, поранешниот светски шампион веднаш направи гест – националниот симбол од албанското знаме, кој Србите го поврзуваат со „Голема Албанија“. Не е прв пат спортисти да го прават овој гест, особено албанските, а за многумина ваквиот начин претставува провокација и го толкуваат како гестикулирање за „Голема Албанија“, што секако е спротивно од вистинското значење. Гестот е поврзан со двоглавиот орел кој како симбол е застапен на знамето на Албанија и со кое се идентификуваат сите Албанци во светот, не само оние кои живеат во Албанија.