Connect with us

Фудбал

Мајнц го шокираше Лајпциг, Ајнтрахт со висока победа на гости

Фудбалерите на Мајнц денеска конечно го прекинаа постот и по девет натпревари без триумф, ја забележаа првата победа и тоа над Лајпциг. Мајнц иако на два пати бркше негатива во овј натпревар, сепак успеа да дојде до победа. Резултатот го отвори Адамс во 15. минута, а Ниакате во 24. минута израмни на 1:1.

Халстенберг во 30. минута го носи Лајпциг повторно во водство, но Ниакате во 35. минута повторно изедначува на 2:2. Точка на натпреварот стави Бареиро со голот во 50. минта од натпреварот за победа на Мајнц од 3:2.

Лука Јовиќ повторно забележа одлична партија, а неговиот тим славеше со високи 1:5. Ајнтрахт дојде во водство уште во 25. минута кога Силва погоди за 0:1, веднаш потоа, во 27. минута Костиќ зголеми на 0:2. Во 33. минута повторно Силва зголеми на 0:3.

Кордовоа беше прецизен кај тимот на Билифилд и намали на 1:2 во 36. минута од натпреварот. Меѓутоа во 51. минута Нилсон постигна автогол и гп зголеми водството на Ајнтрахт на 1:4.

Точка на натпреварот стави Лука Јовиќ со гол во 75 минута за 1:5 и со тоа ја круниса неговата одлична партија денеска.

На останатите натпревари Аугсбург со 2:1 го совлада Унион Берлин, Волвсбург на гости го совлада Леверкузен со минимални 0:1, а Фрајбург беше подобар од Штутгарт и издвојува победа од 2:1.