Фудбал
Мајсторијата на Сусо за големата победа на Севиља на Местаља
Во натпреварот од 15. коло на шпанската Ла Лига, Севиља како гостин славеше против Валенсија со 1:0.
Севиља не се откажува од Лигата на шампионите, па стигна до седмата, но исклучително важна победа на Местаља.
Херој на гостите беше крилото Сусо, кој измами двајца домашни играчи во 81. минута, а потоа ја затресе мрежата со спектакуларен удар за конечни 1:0. Севиља имаше уште неколку добри шанси, но само Сусо беше доволно прецизен денес и тоа е сосема доволно за гостите.
Валенсија во минатото коло успеа да ја запре Барселона на „Камп Ноу“, но против Севиља не успеа да ја прекине серијата од три натпревари без пораз.
На вториот натпревар од колото одигран денес, Елче и Осасуна ремизираа 2:2.
Инаку, голот на Суза можете да го погледнете ОВДЕ .