Connect with us

Фудбал

Македонец заигра за првиот тим на Јувентус, но немаше можност да се радува

Никола Секулов, 22 годишен крилен фудбалер настапи за првиот тим на Јувентус на гостувањето кај Лацио. Секулов, роден во Пјаченца, со македонско потекло, е член на Б тимот на Јуве, но денеска беше прекомандуван во првиот тим поради отсуството на Влаховиќ. Секулов во игра влезе во 80та минута на местото на Кеан, но Јуве доживеа пораз откако прими гол во 93-та минута.

Како што е познато, Секулов има настапи за македонската селекција, за играчи до 17 години, но потоа одлучи дека ќе настапува за Италија, каде што е роден.

Advertisement