Кошарка
Македонецот искрен, можеше да се пресели во НБА лигата, но не сакал да седи на клупа!
Ненад Димитриевиќ, кој игра солидно за рускиот тим Уникс Казан е интересен за тамошната спортска јавност, пред се поради игрите кои ги прикажува. Па, така во интервјуто за руски „Бо Спорт“ открива делови и моменти од неговата кариера. Како што вели тој имал шанса да биде дел од НБА лигата, иако не открива имиња на клубови, сепак понудата ја одбил, бидејќи како што вели, не сакал да биде на клупата. Вели неговата цел е да игра во Евролигата.
-Моја цел е да играм во Евролигата. Многу кошаркари велат дека нивни сон е да заиграат во НБА, но мене ми е да бидам во Евролигата. Не сум заинтересиран за НБА-лигата. Бев на драфтот и имав шанси да потпишам договор со неколку екипи, но одбив затоа што не сакав да седам на клупа“, вели Димитријевиќ.
Интервјуто на руски „Бо Спорт“ со Димитриевиќ на следниот ЛИНК.