Фудбал
Македонија 74-та светска фудбалска сила
Нема промени на најново објавената ФИФА ранг листа. Победата од 4:0 над Лихтенштајн и поразот со ист резултат од Германија не донесе промени.
Македонија и за минатиот месец останува 74-та светска сила.
Македонија во последните неколку месеци доживеа пад од 62. место до 74. позиција откако ги загубивме сите три натпревари на Еуро 2020, а потоа следеа и три ремија во текот на минатиот месец во квалификациите за Светското првенство.