Фудбал
Македонија денеска го има последниот тест
Избраниците на Игор Ангеловски денеска ќе ја имаат последната контролна средба пред заминувањето за Букурешт, противник е селекцијата на Казахстан.
Ќе има промени во составот
Селекторот Игор Ангеловски најави измени во составот, истакнувајќи дека дуелот против Казахстан ќе биде искористен како подготвителен тренинг.
– Можеби ќе излеземе со поразличен состав од оној со Словенија. Сакам да им дадам повеќе минутажа на некои што играат помалку, изјави Ангеловски.
Македонската селекција по денешниот натпревар, уште три дена продолжува со подготовките во Скопје, а потоа од 8. јуни се сели во својата база во Букурешт каде ќе се очекува првиот натпревар на ЕВРО 2020 против Австрија на 13. јуни.