Connect with us

Ракомет

Македонија домаќин на 24. Светско јуниорско првенство во ракомет за жени

Од денес до 30 јуни, Македонија ќе биде домаќин на 24. Светско јуниорско првенство во ракомет за жени, каде ќе се натпреваруваат 32 репрезентации. Ова е вториот мундијал за ракометарки до 20 години, а натпреварите ќе се одржуваат во три сали во Скопје.

Репрезентациите се поделени во осум групи од по четири тима, кои ќе се натпреваруваат во Прелиминарната рунда. По завршувањето на трите кола, двете најдобропласирани екипи ќе продолжат во Главната рунда, додека двете послабо пласирани ќе играат во Президент Купот. Од Главната рунда, по две селекции од група ќе се пласираат во четвртфиналето и ќе продолжат во елиминациите за медалите. Останатите тимови ќе разигруваат за пласман.

Салата „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на натпреварите на македонската репрезентација и на финалните натпревари, вклучувајќи го и мечот за златниот медал. Натпревари ќе се играат и во двете сали на спортскиот центар „Јане Сандански“.

Македонската репрезентација својот прв натпревар ќе го одигра вечер од 20:15 часот против САД. Бранител на трофејот е репрезентацијата на Норвешка.

Advertisement