Connect with us

Фудбал

Maкедонија е помеѓу 10-те победници на ЕВРО 202О!

Репрезентацијата на Македонија како дебитант ги собра симпатиите на Европа, иако бевме поразени во сите три натпревари.

И покрај поразите Македонија сместена меѓу 10-те „победници“ на Европското првенство.

„Често пати фудбалот се гледа само преку објетивот на големите сили кои го привлекуваат вниманието, но фудбалот не е само за тие наци. Македонија и покрај тоа што ги изгуби сите три натпревари и прими осум гола покажа дека не е тотален аутсајдер. Се пласираа преку Лигата на нации, но според она што го покажаа не изгледаше дека немаат ЕВРО квалитет“, стои помеѓу другото во текстот за Македонија на „The Score“.