Connect with us

Кошарка

Македонија е во четвртфинале, пласманот во А Дивизијата е на дофат!

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години обезбеди пласман во четвртфиналето на Европското првенство од Б дивизијата во Скопје, откако синоќа ја совлада Република Ирска со 77-66 во завршниот натпревар од групата А.

Македонските кошаркари рутински ја забележаа третата победа во четвртиот натпревар и завршија првопласирани во групата А.

Најефикасен во македонските редови одново беше центарот Теодор Симиќ со 17 поени.

Следен противник на црвено – жолтите ќе биде Велика Британија во рамки на четвртфиналето.
Дуелот е на програмата в петок во СРЦ Кале.

Пласман во елитната А дивизија ќе обезбедат трите првопласирани репрезентации на Европското првенство во Скопје.