Connect with us

Ракомет

Македонија ја доби Словенија во баражот за СП 2019

Македонската женска ракометна репрезентација го доби противникот во баражот за Светското првенство во ракомет, кое во декември 2019 година ќе се одржи во Јапонија. Македонската репрезентација ја доби селекцијата на Словенија како последна пречка до Кумамото.

Првиот натпревар се игра меѓу 31 мај и 2 јуни во нашата земја, а возвратниот меѓу 4 и 6 јуни во Словенија.

Минатиот месец избраничките на Симовски ги добија трите натпревари од претквалификациите во Скопје и се вратија во елитната европска група на репрезентации. Заедно со нашата селекција, баражот го изборија уште Белорусија, Исланд, Словачка и Швајцарија.

Бараж за Светско првенство 2019 година:

МАКЕДОНИЈА – Словенија

Хрватска – Германија
Шведска – Словачка
Данска – Швајцарија
Белорусија – Норвешка
Србија – Полска
Чешка – Црна Гора
Шпанија – Исланд
Австрија – Унгарија