Connect with us

Ракомет

Македонија ја оправда фаворитската улога и со четири голови разлика ја совлада Грција

Македонија со 27:23 ја совлада репрезентацијата на Грција во квалификацискиот натпреварот за Европско првенство.

Нашата репрезентација не го започна натпреварот на најдобар начин. Грција покажа одлична игра на почетокот и речиси до самиот крај на првото полувреме резултатски се држеа во игра, но сепак нашата репрезентација замина на полувреме со со два голови предност (13:11).

Во второто полувреме нашата репрезентација покажа одлична игра. Ракометарите успеаа да ја сочуваат предноста, која ја зголемија со одличната игра и на крајот славеа со 27:23.

Македонија квалификациите ги заврши на првото место на табелата со четири победи, едно реми и еден пораз.

На второто место на табелата во нашата група заврши Исланд, третото му припадна на Турција, а последното место во групата му припадна на Грција.