Connect with us

Фудбал

Македонија-Косово следната година? Првиот човек на ФИФА вели сите мечеви да се откажат

Првиот човек на ФИФА Виктор Монтаљани порача дека сите интернационални мечеви би требало да се одложат за следната година. Со ова, би се дала предност на клупските натпреварувања. Доколку се прифати оваа негова идеја, тогаш плеј-офф мечот помеѓу Македонија и Косово во рамките од Лигата на нации наместо оваа ќе се игра следната година, за кога е одложено и Европското првенство.

-Проблем се и рестрикциите за патување од една во друга земја. Мислам дека националните првенства се приоритет. Најдобро е сите репрезентативни натпревари да се откажат до 2021 година, вели Монтаљани.

Првичниот термин за мечот Македонија –Косово беше 26 март, па потоа беше одложен за јуни поради коронавирусот, но повторно е презакажан за октомври или ноември. Доколку се одигра оваа година тоа сигурно ќе биде без публика.