Ракомет
Македонија на 28 јуни ќе ги добие противниците за ЕП 2020
Европската куќа на ракометот (ЕХФ) објави дека на 28 јуни во Виена ќе ја реализира ждрепката за завршната фаза на Европското првенство, кое следниот јануари 2020 година првпат ќе го организираат три земји.
Австрија, Шведска и Норвешка ќе ги вдомат најдобрите селекции од континентот, а финалето е планирано за на стадион во Стокхолм. Македонија се наоѓа пред квалификација, бидејќи на две кола до крајот на квалификационата група сама од себе зависи за првото место во групата.
Следната недела Лазаров и соиграчите ќе одиграат два натпревари, против Турција во Ескишехир и против Грција во Струмица. Потоа ќе се планира завршниот турнир и иднината, а во зависност од пласманот ќе се знае од кој шешир ќе ги чекаме ривалите во ждрепката.
Церемонијалот е само два дена по ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите. Манифестацијата ќе се одржи во „Ерсте Кампус“ на 28 јуни во 18:45 часот.