Connect with us

Фудбал

Македонија на едната, Италија, Португалија, Шведска Русија и Велс на другата страна, кој ќе ни застане на патот до Катар?!

Македонската фудбалска репрезентација ги дозна сите можни противници во плејофот за пласман на Светското првенство во Катар, откако синоќа се комплетираше европскиот дел од квалификациите.

Македонија нема да биде носител на ждрепката што ќе се одржи на 26 ноември во Цирих, што значи дека и во полуфиналето ќе игра на гостински терен. Носители, а со тоа и можен прв противник на Македонија ќе бидат Португалија, Шкотска, Шведска, Италија, Русија и Велс, додека во подредена стартна позиција ќе бидат и Украина, Турција, Полска, како и Чешка и Австрија, кои обезбедија пласман во баражот преку Лигата на нации.

Според новиот систем, плејофот ќе се состои од три групи со по четири селекции, при што полуфиналињата се закажани за 24/25 март, а финалињата за 28/29 март 2022.

Од Европа, директен пласман на СП обезбедија само првопласираните селекции во квалификациските групи: Германија, Данска, Франција, Белгија, Хрватска, Шпанија, Србија, Англија, Швајцарија и Холандија.

 

Реклама

Facebook

Реклама