Кошарка
Македонија поразена од Грузија, игравме без селектор!
Македонската кошаркарска репрезентација доживеа пораз на гостувањето кај Грузија со 91:70 во квалификациите за СП 2023. Ова е трет пораз за кошаркарите во третиот одигран меч во овие квалификации. Вреди да се напомене дека нашата селекција играше без селекторот Драган Бајиќ, кој е позитивен на корона и не отпатува со селекцијата. Ги немаше ниту, Дамјан Стојановски, Магдевски, Димитријевиќ, Стајиќ, Ѓуроски. Најдобри во нашите редови беа Стојановски со 15 поени и Дамјан Робев со 13. Треба да се истакне и настапот на Бојан Крстевски кој забележа 11 поени и 11 скока. Во недела Грузија гостува на Македонија.