Connect with us

Фудбал

Македонија стана безбедна земја, сега може да ја бодриме репрезентацијата во било која земја

Според Европската унија, Македонија стана безбедна земја, а тоа значи дека македонската фудбалска репрезентација ќе може да ја бодриме од трибините во било која земја.

Северна Македонија, Србија и Албанија се ставени на листата на безбедни земји од ковид-19, одлучија Амбасадорите на земјите членки на ЕУ, пренесува „Слободна Европа“.

Препораката би требало да се усвои во петок, кога и официјално ќе стапи на сила, со што жителите на трите земји ќе може слободно да патуваат низ земјите во ЕУ.

Секои две недели во ЕУ се расправа за ситуацијата во секоја трета земја, и се ажурира земјата со тие земји кои се сметаат за безбедни.

За да се добие статус на „безбедна држава“, треба да се евидентираат не повеќе од 75 позитивни случаи на 100.000 жители во последните 14 дена во земјата.

Сепак, и покрај ажурирањето на листата, секоја земја членка на ЕУ може да воведе мерки дури и кон оние земји кои се прогласени за безбедни.