Фудбал
Македонија во најнеатрактивната група од квалификациите за ЕП 2020

Фудбалската репрезентација на Македонија ги дозна противниците во квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Ждрепката во Даблин посака „црвено – жолтите“ да се паднат во групата G заедно со селекциите на Полска, Австрија, Израел, Словенија и Латвија.
Ова е можеби и најнеатрактивната група, но избраниците на селекторот Игор Анѓеловски добиваат противници со кои може да се надигруваат и да се надеваат дека ќе бидат меѓу најдобрите две селекции во групата, кои водат на континенталниот шампионат.
Група А: Англија, Чешка, Бугарија, Црна Гора, Косово,
Група B: Португалија, Украина, Србија, Литванија, Луксембург,
Група C: Холандија, Германија, С. Ирска, Естонија, Белорусија,
Група D: Швајцарија, Данска, Р. Ирска, Грузија, Гибралтар,
Група E: Хрватска, Велс, Словачка, Унгарија, Азербејџан,
Група F: Шпанија, Шведска, Норвешка, Романија, Фарски Острови, Малта
Група G: Полска, Австрија, Израел, Словенија, Македонија, Латвија
Група H: Франција, Исланд, Турција, Албанија, Молдавија, Андора
Група I: Белгија, Русија, Шкотска, Кипар, Казахстан, Сан Марино
Група J: Италија, БиХ, Финска, Грција, Ерменија, Лихтенштајн
Квалификациите започнуваат на 21 март следната година, а ќе завршат на 19 ноември. Европското првенство за прв пат ќе се одржи во повеќе земји, а финалето ќе биде на програмата на 12 јули на „Вембли“ во Лондон.
