Македонија за три минути даде два гола и ја победи Летонија

Македонската репрезентација ги освои сите три бода од дуелот против Летонија одигран вечерва во Рига во 6. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година. Со тоа Македонија се врати во игра за второто место кое носи на големото натпреварување.

Македонската селекција со два гола за само три минути ги освои трите бода. Најпрво Пандев во 14. минута по асистенција на Елмас успеа да стрела во мрежата, а потоа во 17. минута Барди погоди по една лошо исфрлена топка од одбраната на Летонија.

Ако шансите беа искосистени, ќе беше победата поубедлива. Во вториот дел и Летонците имаа прилики кои останаа неискористени.

Ова е прв меч во кој Македонија не прими гол во квалификациите.