Кошарка
Македонска кошаркарка „експлодираше“, постигна 41 поен против Партизан, половина од поените на целиот свој тим
Бугарскиот женски кошаркарски тим Монтана 2003 одигра два пријателски мечеви со ЖКК Партизан и на двата славеше победа. Монтана 2003 ја доби првата контрола против Партизан со 71:64 (14:18; 21:17; 19:16; 17:13), објави basketball.bg.
Најдобар стрелец кај домашната екипа беше Валерија Алексиева со 18 поени, а македонската репрезентативка Ангелика Митрашиновиќ додаде 17.

Дабл-дабл забележа и Александра Петрова, 14 поени, 10 скока, Габриела Николова додаде 11 поени и 7 скока.
Само неколку часа подоцна, подмладениот бугарски тим повторно победи против српскиот ривал, овојпат со 75:68. Анџелика Митрашиновиќ експлодираше со неверојатни 41 поен. Дабл-дабл забележа Александра Петрова со 14 поени и 10 скока.
Инаку, Митрашиновиќ пред два месеци потпиша со бугарската екипа Монтана 2003 . 28-годишната капитенка на националниот претходно одигра една сезона во дресот на француски Тарбес. На меѓународна сцена играше уште за Челик и Бановиќи (БиХ), Будуќност-Подгорица (Црна Гора). Во македонскиот шампионат беше дел од Вардар, Бадел 1862 и КАМ Баскет.