Connect with us

Фудбал

Македонската фудбалска репрезентација поразена во Скопје од Азербејџан

Македонкската фудбалска репрезентација денеска на бомашен терен беше поразена од Азербејџан со 1-3.

Нашите фудбалери добро го започнаа натпреварот. Барди го отвори резултатот и му донесе водство на нашата репрезентација од 1:0 во 25. минута од натпреварот.

Азербејџан успеа да се врати во натпреварот во 38. минута кога Карфагулиев го израмни резултатот на 1:1. Со овој резултат екипите заминаа на пауза, а во продолжение Азербејџан ја надигра Македонија.

Во 52. минута од натпреварот Бобан Николов заработи втор жолт картон и беше исклучен, а Азербејџан вешто ја искористи предноста од еден играч на теренот.

Прво во 65. минута од натпреварот Гурбанли му носи водство на Азербејџан од 2:1, а потоа на самиот крај на натпреваор, односно во 89. минута Шејдаев ги постави конечните 3:1.

Првиот натпревар од квалификациите за ЕП 2024, Македонија го игра на домашен терен против Малта, а натпреварот е закажан на 23 март.