Македонската универзитетска карате-репрезентација на Европските универзитетски игри во Загреб

Универзитетската карате-репрезентација на Северна Македонија од денеска до 4 август ќе настапува на Европските универзитетски игри на боречки спортови кои ќе се одржуваат во Загреб во Хрватска.

На Европските универзитетски игри ќе присуствуваат 1.300 учесници од 400 универзитети и 35 европски земји.

Ова е прво издание на четирите европски шампионати што се одржуваат како еден настан на универзитетско ниво и го прават најголемиот настан во календарот на ЕУСА за 2019 година.

Студентскиот дом „Стјепан Радиќ” ќе биде спонзорско село за сите гости кои ќе се натпреваруваат во четири боречки спортови карате, таеквондо, џудо и кикбокс.