Фудбал
Македонски репрезентативец потпишува за грчки великан
Македонсккиот репрезентативец Стефан Ристовски е на чекор до преселба во грчкиот Олимпијакос, пишува португалски „О’Жого“. Како што вели овој интернет портал, актуелниот шампион на Грција почнал преговори со Спортинг Лисабон за трансфер на Ристовски, првенствено на позајмица, а потоа со право на откуп.

Ристовски веројатно би прифатил да се пресели во Олимпијакос ако се знае дека нема добри односи со новиот тренер на Спортинг Лисабон.
Останува да се види дали и кога ќе се реализира трансферот.