Кошарка
Македонски тренер пишува историја во Русија, рекордна 19 победа во низа (ФОТО)
Емил Рајковиќ, тренер на рускиот тим ЦСКА Москва пишува историја во Русија. Имено, тој врза 19 победи во низа со овој клуб.
До оваа бројка стигна откако славеше со 109:81 против Енисеј, на првиот меч во 2023-та година. Емил Рајковиќ на 17-ти јули 2022 беше промовиран во нов тренер на рускиот тим.
