Фудбал
Македонскиот “бомбардер” во Шкотска го “тресеше” и големиот Ренџерс кој во 94-та се спаси од пораз (ВИДЕО)
Македонскиот напаѓач Бојан Миовски повторно стрелаше во шкотската Премиер лига. Тој му донесе водство на Абердин на пресметката со големиот Ренџерс во првото полувреме. Овој резултат беше актуелен се до 94-та минута кога Таверние погоди за конечни 1:1. За нашиот Миовски ова е пети гол во оваа сезона. Ренџерс е на второто место на табелата, додека Абердин е на деветото место.
Голот на Миовски на следниот ЛИНК.