Други спортови
Македонскиот борач Ергов стана Европски шампион
Владимир Егоров вечерва доби златен медал на Европското првенство во борење во категоријата -57 кг.
Егоров попладнево во финалето го победи Алијабабас Рзазаде со убедливи 10:0. До големиот успех Егоров ги совлада уште и Никлас Штехеле во четвртфиналето и Манвел Хнџрстјан во полуфиналето.
Борбата за златниот медал можеше да се следи на градскиот плоштад во Штип, а љубителите на борењето ја прославија победата на Егоров кој во интерсна борба се искачи на европскиот трон.