Connect with us

Фудбал

Македонскиот дефанзивец „раскина“ со бугарскиот тим Левски

Македонскиот дефанзивец Ѓоко Зајков не е повеќе играч на бугарскиот тим Левски. Ова го потврди и самиот тим преку социјалните мрежи кој потенцираше дека соработката е раскината со меѓусебен договор.

Во својата клупска кариера 26-годишниот дефанзивец играше уште за Работнички, Б тимот на Рен од Франција и белгиската Шарлроа.

За нашата А репрезентација има досега 18 настапи и еден гол реализиран пред две години во ремито со Естонија во Лигата на нации (3:3).