Други спортови
Македонските боксери ги добија противниците на Европското првенство во Будва
Будва, 13 ноември 2020 (МИА) – Тројцата македонски боксери кои ќе настапат на Европското првенство за младинци во Будва ги дознаа првите противници.
Илхан Озмен ќе го прескокне првото коло согласно епилогот од ждрепката, а во второто коло во категоријата 64 кг, ќе ги вкрсти ракавиците со подобриот од мечот меѓу Романецот Висентиу и Ерменецот Галустјан.
Ајхан Озмен во категоријата 75кг, за противник го доби Сантијаго Селимај од Албанија, оваа борба е на програмата во недела.
Ардијан Аземи во категоријата 91 кг, за противник во првото коло го има Јакуб Стражевски од Полска, оваа борба е на програмата утре.
Европското првенство почнува утре, 14 ноември 2020. зс/